Средба полна со емоции: Обожавателите на Game of Thrones со години го чекаа ова


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Е сега да, пред да читате надолу, треба да ви кажеме дека содржината од оваа статија содржи таканаречени „спојлери“ кои сигурно ќе ви го расипати ефектот на изненадување кој сакаат да ви го приредат авторите на славната серија „Game of Thrones“ со најновата и последна сезона од истата. Значи – читате на „сопствен ризик“.

Од Арја и Загарот до Тирион и Санса, премиерата на „Игра на престолите“ беше преполна со долгоочекувани повторни средби меѓу омилените ликови на обожавателите. За многу гледачи, најемотивна беше средбата на Џон и Арја, кои се немаа видено уште откако Џон ѝ го подари на Арја нејзиниот верен меч Игла во втората епизода од серијата.

Откако првпат по многу години накратко го ѕирна додека јаваше кон Винтерфел во поворката на Денерис, Арја почека додека Џон да остане сам во божјата шума за да зборува со него. Но по емотивната прегратка, таа не пропушти да го потсети дека, иако го свиткал коленото пред Денерис, тој е Старк.

„Џон Сноу и Арја се два од најважните ликови во приказната и тие многу се сакаат“, објасни авторот Дејвид Бениоф.

„Арја беше единствената што се однесуваше кон Џон како кон вистински член на семејството кога тој беше дете, а тој беше единствениот што ја третираше со почитта што ѝ беше потребна кога таа беше дете. Џон ја поканил таа огромна војска од странци во нивниот дом и Арја знае зошто го сторил тоа, но Арја е на страната на Санса. Крвта дефинитивно не е вода кога станува збор за кланот Старк.“