Средба на Столтенберг со Заев и Пендаровски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес беше пречекан од премиерот на Македонија, Зоран Заев, на платото пред Влада, во рамки на неговата официјална посета на нашата држава заедно со врвот од НАТО советот. Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет денеска ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Столтенберг пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот советпорача дека членството во НАТО е важно за земјата, но и за регионот и за целата Алијанса. Тој порача дека уште сега се гледаат бенефитите од интегрирањето на една земја во НАТО, со оглед на тоа што странските инвестиции во земјава се зголемиле по добивањето на поканата.

„Тоа покажува колку всушност безбедноста води кон просперитет“, додаде Столтенберг на почетокот на состанокот, кој по неговото и обраќањето на премиерот Зоран Заев ќе се одвива зад затворени врати.

Фото: Мкд.мк