Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска имаше средба со кинескиот амбасадор во Скопје, Џанг Ѕуо, на која единствена тема за разговор била набавката на кинеските вакцини на Синофарм.
„Средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. Предизвиците што ги носи пандемијата не оставаат многу простор за други теми. Разбирање, добра волја и спремност за помош во кризата од светски размери се силата која не’ движи кон целта – што поскоро да се справиме со злото на денешницата“, објави Шекеринска.
Министерот за здравство, Венко Филпче вчера на прес конференција ги отфрли сите обвинувања кои се однесуваат на сомнителни постапки при набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм. Рече дека како Влада и како министерство секогаш се водат по два принципа, а тоа се внимателност и регуларност и дека не станува збор за никакви незаконски дејствија, односно провизии, за кои се обвинети.