Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сите параметри кои се изнесуваат во врска со агендите на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, нивната средба за која пишуваа грчките медиуми, очигледно ќе се случи на претстојниот форум во Давос.
По засилената динамика за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција и очекувањата дека Метју Нимиц на 17-ти јануари во Њујорк ќе излезе со првичен предлог за името, полето на преговори за решение ќе се префрли и во Давос (Швајцарија), информира грчкиот информативен портал Real.gr.
Имено, кон крајот на минатата недела од владата информираа дека премиерот Заев со владина делегација на 25-ти и 26-ти јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој годинава се одржува во Давос, а според порталот во периодот од 23-ти до 26-ти месецов таму ќе биде и грчкиот премиер, Алексис Ципрас.
Извори кои ги консултирале грчките новинари потврдиле дека Алексис Ципрас има намера во Швајцарија да се сретне со својот македонски колега на 24-ти јануари, што според Real.gr само ја потврдува информацијата дека досега е постигнат голем напредок во однос на спорот за името.
Интернет изданието на грчкиот весник Real објави дека македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба на 24 јануари за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Средбата Заев – Ципрас, според весникот, е факт што ги потврдува информациите дека за време на разговорите на шефовите на дипломатиите Коѕијас – Никола Димитров во Солун, постоел голем напредок. Коѕијас и Димитров, како што пренесува Real, ќе бидат исто така во Давос.
Отааму исто така истакнуваат дека не треба да се занемари и фактот дека на форумот во Давос ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп.