Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Цврста прегратка, зборови со израз на поддршка и благодарност беа вовед во средбата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и украинскиот претседател Володимир Зеленски на вториот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија.
На средбата со Зеленски заедно со Ковачевски беше и албанскиот премиер Еди Рама, како и македонскиот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи.
Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, ја истакнал силната поддршка која Северна Македонија ѝ ја дава на Украина од почетокот на руската воена агресија во февруари минатата година.
– Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која на Украина ѝ е потребна – изјавил Ковачевски.
Украинскиот претседател, пак, се заблагодари за поддршката која украинскиот народ ја добива од Северна Македонија и истакнал дека таа доаѓа во клучни моменти.
– Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа – кажал Зеленски.
На средбата Ковачевски потсетил дека земјава е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што јасно се позициониравме и овој пат на вистинската страна на историјата.
Украина, според него, е меѓу приоритетите на македонското претседавање со ОБСЕ, а Македонија ја подржува евроатлантската интеграција на Украина и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО.