Среда носи стабилизација на времето


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Последната августовска среда во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 30 степени. Маврово 24, Охрид 29, Крива Паланка 28, Битола 30, Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 33.

Следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.