Актуелно

Среда носи поинтензивни врнежи на снег

Снежните врнежи ги продолжуваме во среда. Поинтензивни ќе бидат во раните утрински часови, потоа околу пладне во глобала послаби, повторно ќе се интензивираат приквечер. Интензитетот на снегот ќе биде поголем во западните региони во раните вечерни часови, додека во текот на ноќта ќе се интензивираат насекаде.

Заради температурата која ќе има максимум малку над 0 степени во југоисточниот крај, ќе врне снег мешан со дожд.

Заради обилниот снег во раните утрински часови кон четврток, бидете особено внимателни во планирањето на патувањата преку планинските превои.

Утринската температура ќе биде во дијапазонот помеѓу минус 5 и минус 1 степен. Максималната денеска ќе има вредности околу 0 Целзиусови во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 2 степени.

Скопскиот крај го очекува претежно облачно време со повремени врнежи од снег, кои ќе се интензивираат повеќе во втората половина од денот. Наутро очекуваме минимална околу минус 2 степени, а максималната температура нема да надмине 0 Целзиусови.

Advertisements
To Top