Србиве ептен „ќибритлии“: Ги изнервира и Рита Ора – „Кариерата ти е готова!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светски познатата пејачка и сексапилна убавица со албанско потекло, Рита Ора, го потврди своето доаѓање во Косово по повод десетгодишнината од независноста на земјата.

„Многу сум возбудена што ќе ви се придружам во Косово по повод одбележувањето на десетгодишнината од независноста која ја славиме на 17 февруари. По тој повод смислив и лого за маици кои можете да ги купите како спомен на оваа ноќ која ќе ја поминеме заедно“, објави пејачката на Инстаграм на англиски и албански јазик.

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on

Оваа нејзина објава на нож ја дочекаа дел од нејзините фанови од Србија. И додека некои со воодушевување го поздравија нејзиното доаѓање во Косово, каде што е родена, имаше такви кои порачаа дека веќе не е добредојдена во Србија (како таа секој месец да одеше во Србија досега) и дека после оваа посета на Косово, нејзината кариера е завршена (како нешто да зависи од српските, или пак балканските фанови во светски рамки).