Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во прашање е долгогодишна традиција, која пред осум години беше во фокусот на светските медиуми, веднаш штом излезе видеото каде што мажи облечено во костуми пукаат во воздух со ловџиски пушки, а на тој начин го прославуваат Божиќ.
Таканаречениот „српски Божиќ во Џексон“ прославен е и оваа година.
За разлика од претходните години, овој пат во воздух се пукало од две локации – во самиот центар на градот, како и на паркингот од еден ресторан.
Традицијата трае повеќе од 100 години, а прославата вклучува парада низ централната улица околу пладне.
Поради големиот број на луѓе што го почитуваат српскиот Божиќ, украсите од продавниците не се тргаат се додека не помине овој празник.