Србите ќе снимаат филм за Никола Тесла – Ѓоковиќ добил понуда да го глуми научникот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српската филмска продукција ќе започне со снимање филм и серија за познатиот научник и иноватор со српско потекло, Никола Тесла. Интересно е што главната улога на ликот на научникот му е понуденa на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, пишува „Блиц“.

Проектот „Тесла“ го предводи српскиот актер и продуцент Милош Биковиќ, кој потпишал протокол за соработка со руската Националната група за медиуми. Русите планираат да инвестираат над 2 милиони евра во спомнатиот проект.

Како што изјавил извор за „Блиц“, Ѓоковиќ е одушевен од идејата, но мали се шансите тој да се согласи од една причина – недостаток на време.

– Тој со одушевување ја прифати информацијата дека е во план снимање филм за Никола Тесла и е подготвен да го поддржи проектот, во секоја смисла. Тоа е од големо значење за нас и Новак реагираше многу позитивно на поканата на Милош да го глуми Тесла. Со огромниот одек што тоа би го направило, исто така е интересно и колку Ноле наликува на Тесла. Меѓутоа, како што сега стојат работите, Новак тешко дека може да се посвети на еден ваков проект – рекол изворот за Супер ТВ: