Србите им се налутија на „браќата“ Руси бидејќи „го понижија нивниот национален симбол“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако Србија од Светското првенство во Русија испадна уште во групната фаза, од ден во ден се појавуваат нови информации и фотографии кои фудбалските фанови ги сподеуваат на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа дека Русија и Србија важата за братски земји, еден пропуст со српското знаме никако не можеше да помине незабележано. Организаторите на Светското првенство за најава на српската репрезентација користеа српско знаме старо осум години, колку што поминаа откако тие го имаат новиот грб.

Беба Балашевиќ споредбената фотографија ја сподели на Твитер. „Браќата Руси на сите три натпревари користеа наше знаме кое веќе осум години не е во употреба. И никој од автентичните српски патриЈоти не го забележа тоа“, напиша Беба.

„А кој нормален би забележал разлика помеѓу две надмени птичурини“, „Па кога стално измислуваме топла вода, кој би ни верувал“, „Ни државата Србија не е во употреба веќе осум години“ беа само некои од коментарите, а веста за овој пропуст ја пренесоа и дел од медиумите.

Espresso веста ја објави под наслов: „БРАЌА, ВЕЛИТЕ?! Русите го понижија српскиот национален симбол, ова не го очекувавме од нив“.