Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еколошките здруженија во Србија денеска повторно излегоа на тричасовна блокада на патиштата на повеќе локации низ земјата протестирајќи против проектот „Рио Тинто“.
Граѓаните кои со револт протестираат против овој проект очекуваат претседателот Вучиќ и Владата да ја послушаат волјата на народот за повлекување на истиот.
Блокадите се реакција на ставот на претседателот Александар Вучиќ оти проектот „Рио Тинто“ нема да биде стопиран, а предвидува изградба на рудник за ископување литиум во областа Јадар кај градот Лозница.
Претседателот Александар Вучиќ, пак, изјави дека не гледа поента во денешните блокади и дека „државата си ја завршила својата работа и ги усвоила сите барања“.
„Што се однесува до „Рио Тинто“ нема да има никави нови акции во иднина сè додека ние меѓусебе не разговараме околу тоа“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека е рано да се зборува на таа тема поради тоа што државата сè уште не ја добила студијата за проценка на влијанието врз животната средина.
Протести ќе има додека проектот „Рио Тинто“ правно не се заврши, велат од „Еколошко востание“
„Рио Сава Експлорејшн“, ќерка на британско-австрискиот гигант „Рио Тинто“ кој планира експлоатација на литиум во Србија, на 23 декември соопшти дека планира да го стопира проектот за ископување литиум.
Претходно, Собранието на градот Лозница донесе одлука за повлекување на просторниот план на градот со кој беше предвидена изградба на рудникот за ископување на литиум од компанијата „Рио Тинто“.
Најавата за изградба на рудник за ископување на литиум од компанијата „Рио Тинто“, законот за експропријација и измените за законот за референдум беа причините кои покренаа масовни протести ширум Србија изминатиот период.