Србин си го вози „Мерџанот“ со натпис МЕРЦЕДЕС Е ЃУБРЕ – дознајте ја причината за тоа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кога сакате да возите луксузен автомобил, каков што е Мерцедес, треба да бидете спремни на попатните трошоци кои во тој случај се далеку повисоки отколку за поевтини коли.

Еден Србин тоа го научи на потешкиот начин. Последниве денови на балканските социјални мрежи се шират фотографии од неговата луксузна „мечка“, која газдата цела ја прекрил со огрочени натписи за цел свет да види какво ѓубре е Мерцедесот.

Србинот искеширал меѓу 40.000 и 56.000 евра за нов Mercedes C Class Coupe, па се надевал дека во прво време барем гаранцијата ќе го покрива од високите трошоци. Но, нештата испаднале малку поразлични, па незадоволниот и изнервиран газда реши својот револт да го изрази врз самиот автомобил – за сите да видат.

„Мерцедес е ѓубре. Комплет квачило 30.000 километри. НЕ ПОДЛЕЖИ НА ГАРАНЦИЈА“, напиша тој на едната страна од неговиот „Мерџан“. На хаубата со големи букви има оставено порака: „На 13.000 км заменет анласер, комплет квачило на 30.000 км и гаранцијата не е призната“.