Србин пукал во сопствениот син на грчка плажа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


39-годишен маж од Србија на плажа во Ханиоти, Грција, го застрелал со револвер својот 21-годишен син кој бил таму на одмор со својата мајка.

Според локалните медиуми таткото и мајката на момчето биле разведени и случајно се сретнале вчера на туристичкото место.

Наводно на пукањето му претходела расправија, како и физичка пресметка. Таткото прво го удрил син му со оружје во главата, а потоа го застрелал и го ранил во десниот дел на бутот.

Момчето со прострелна рана било хоспитализирано во болница во Полигирос. Како што пишуваат грчките медиуми кај таткото е пронајдена помала количина кокаин.