Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инжињерот по струка, заљубен во иновациите и својата девојка Јелена се одлучил да ја исполни нејзината желба. Јелена сакала да има големи гради, но да не оди на опрација.
Позитивни искуства од тестирање
Во Америка на едно тестирање во Мајами, кое го надгледувал специјалистот д-р Салзхаур, градите се зголемувале за еден број.
Студентката Андрена од Мајами потврдила дека нејзините гради останале големи, три месеци после зголемувањето.
„После две години работа, успеавме да направиме наша конечна креација, четврта генерација Е – Бра, која функционира совршено. Тоа е најбрзиот и најдобриот ефект. За 7 дена стигнавме до зголемување од 3,5 до 4 центиметри во обем, подигнување на градите, обликување и смалување на просторот помеѓу градите. Во случај на корекција, очекуваме зголемување за два центиметри.
Тоа што Милан го открива е дека вибрацијата во градникот ја подобруваат циркулацијата, а за технологијата која ја користел не сака да разговара.
„Мојата „муза“ Јелена, која мене ме инспирираше за овој изиум е исто така и креатор на Е-Бра. Ова не е машки изум, туку взаемна креација на маж и жена“, вели иноваторот од Лазаревац.
„Процесот е потполно природен. Кога го истраживме човечкото тело, смисливме начин за зголемување на градите, манипулација со ткивата и мускулите. Е-Бра се уште не е слободна продажба. Предвидена цена е помеѓу 200 и 300 долари. Го чекаме крајот на тестирањето и тогаш ќе започнеме со продажба“.
Имено, тој веќе доби барање од Америка да смисли уред за зголемување на задникот.
„Можно е и тоа, но јас и Јелена не сме сигурни во неговата работа. Таквиот уред треба исто така да се тестира. Ја имам „малку“ поголем задник, а Јелена има идеален и не сака поголем, па така немаме потребни услови за тестирање“.
Кога е во прашање функционирањето на Е-Бра Миланкажува дека неговата девојка Јелена е задоволна со резултатите и после две години, ефектот е исто, непроменет и задоволителен.