Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За десеттина дена Србија ги крева граничните рампи за извоз кон Македонија. Доколку на земјава и се потребни количини на масло за јадењe,пченица, пченка и брашно ќе може да се увезе од Србија.
Во исто време нема да има застој во договорените количини на производи меѓу српските и македонските фирми. Ова било договорено на средбата меѓу македонскиот и српскиот министер за земјоделство.
Официјално Белград веќе забрани извоз на стратешки прехранбени производи и суровини на одредено време. Српските власти најавија дека земјите од регион, нивни сооседи, ќе можат да сметаат на поддршката од Србија. Поради вкупните пореметувања на синџирот со снабдување со храна ,министерот Николовски најави дека земјава ќе забрани рееекспрт на веќе увезените производи а на сила сеуште е забраната за извоз и на наши домашните производи.
Дел од бизнисмените велат дека во моментов со забраните за извоз и за реекспрт се помага на домашниот пазар , но мерките не треба да бидат долгорочни.
„Клучното прашање и е многу добро и позитивно да се надополнат државните стокови резерви и она што ние го потенцираме и го бараме да се пуштат во оптег по соодветни ниски цени во приватниот бизнис затоашто приватниот бизнис е на колена. Овој пат е на колена, многу фирми пропаѓаат и ќе биде уште полошо. Сметам дека тоа е добро затоашто ако државата набавува за потреби за стоковите резерви малку ми е чудно. Сметам дека не треба да се дозволи реекспорт во овој период за да тие набавени количини на овие клучни суровини останат во нашата држава. Сметам дека е добро да нема реекспорт во соодветен временски тајминг.“ – вели, Горан Ѓорѓиевски – претседател на Агрокомората при Сојузот на стопанските комори.
Во Македонија во моментов на сила е забраната за иззоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.
Опозициските партии ја повикаа Владата да објави во каква кондиција се стоковите резерви кои освен нафта и лекови опфаќаат и прехранбени производи . Од Власта се правдаа дека стоковите резерви се стабилни и дека не смеело да зборува за количини оти тоа биле класифицирани податоци.