Србија полека се отвора од забраните и превентивните мерки против коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ако сѐ оди како што треба, наскоро почнува отворање на продавниците и останатите објекти во Србија.

Како што објасни, од вторник ќе бидат отворени занаетчиските дуќани, автомобилските сервиси, продавниците за техничка стока, градежен материјал…

Другите продавници ќе бидат отворени од 27 парил ако имаат помалку од 300 квадратни метри. Тука станува збор за фризерските салони, салите за вежбање, но за нив ќе мора да биде обезбедена посебна заштита.

За хотелите, бањите, трговските центри, меѓуградскиот сообраќај, аеродромите, рестораните и кафулињата планирано е отворање меѓу 3 и 10 мај.

Претседателот на Србија најави и дека работниците во фабриките треба да се спремат за враќање на работа од 4 до 11 мај, бидејќи, како што кажа, почнуваат да работат фабриките во Чешка и Словачка на кои им е потребна стока од Србија.

Тие кои имаат начин да држат социјална дистанца меѓу работниците можат да почнат уште од 27 парил, додаде тој.

Нормално, услов за сето ова е ситуацијата со вирусот да се стабилизира и граѓаните да се придржуваат до пропишаните мреки кои наскоро ќе бидат ублажени.

Вучиќ ги повика градежниците од вторник да тргнат со полна пареа на работа. „Да ппочнат да работат, имаме многу проекти, насекаде ќе работиме“, кажа српскиот претседател.

„Почнуваме да работиме со полна пареа за со инвестиции да успееме да го сочуваме нашиот БДП за кој ММФ кажа дека че биде најголем во Европа“, кажа Вучиќ. „Ќе имаме најдобра економија во цела Европа на крајот на оваа или во следната година“.