Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информацијата која ја пренесува Јавното претпријатие „Путеви Србије“ во Србија од денес патарините поскапуваат за 12 проценти, што ќе биде второ поскапување на оваа давачка во последните две години.
Како што се наведува во објавеното соопштение, возачите на автомобили во иднина ќе треба да одвојат 1.500 динари (775 денари) за патување во еден правец меѓу Прешево и Белград или 600 динари (310 денари) за релацијата Прешево – Ниш.
Возачите кои од нашата земја ќе патуваат низ Србија, во правец кон Унгарија, за еден правец ќе треба да издвојат 2.130 динари (1.100 денари) за патарина. Овој надоместок за граѓаните што планираат со својот автомобил да патуваат кон Хрватска ќе чини 1.910 динари (987 денари), и тоа за сите наплатни рампи на автопатот од Прешево до Шид.