Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Нашиот северен сосед Србија се најде на озлогласеното прво место во Европа според бројот на смртни случаи какопоследица од загадениот воздух, пренесува „РТС“.
Според истражувањето на Глобалниот сојуз за здравје и загадување, Србија е прва во Европа и деветта во светот во однос на смртноста по основ на разни видови загадување, пред се поради загадувањето на воздухот.
На глобално ниво, 8,3 милиони луѓе умираат секоја година од загадување.
Поради различни видови на загадување на животната средина, годишно 12,000 луѓе умираат предвремено во Србија. Овој факт ја става Србија на првото место во Европа, но и како единствена европска земја меѓу првите десет во светот.
Шест илјади луѓе умираат од загадувањето на воздухот, како на отворен, така и во затворен простор, покажува студијата на Светската здравствена организација.