Србија и Косово не постигнаа договор во Брисел – НАТО и КФОР остануваат будни во регионот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


НАТО и КФОР остануваат будни, порача на Твитер генералниот сектерат на НАТО, Јенс Столтенберг изразвувајќи разочарување што Србија и Косово не постигнаа договор за регистарските таблички на состанокот во Брисел.

Столтенберг потврди дека разговарал со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел по средбата на највисоко политичко ниво меѓу претставниците на Европската Унија (ЕУ) со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти.

„Разочарани сме што не беше можно да се реши спорот со регистарските таблички. Сега е време за одговорност и прагматични решенија. Ескалацијата мора да се избегне. НАТО и КФОР остануваат будни“, напиша Столтенбег на својот твитер-профил.

Шефот на европската дипломатија, пак, Жозеп Борел на Твитер објави дека разговарал со генералниот секретар на НАТО алијансата, нагласувајќи дека го информирал за „разочарувачкиот исход од денешната средба на високо ниво меѓу Приштина и Белград“ организирана од ЕУ.

„Мора да се избегне ескалација. ЕУ и НАТО остануваат во координација на теренот. Ситуацијата ја следи и ЕУЛЕКС“, напиша Борел.

Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, претходно изјави дека Косово и Србија не постигнале договор за регистарските таблички, а одговорноста за неуспехот да се постигне договор ја префрли на косовската страна.

Иако не беше постигнат договор, Борел рече дека бара од Косово веднаш „да ги прекине понатамошните фази“ од планот за пререгистрација на автомобили на северот на Косово, додека Србија „го суспендира издавањето“ на нови регистарски таблички со ознаки КМ (Косовска Митровица), кои косовските власти ги сметаат за нелегални.

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел не постигнаа договор за регистарските таблички со ознаки КМ (Косовска Митровица). Поради тоа, косовската полиција од денеска ќе започне да ја спроведува одлуката на косовските власти и да изрекува казни на сите возачи чии возила не се соодветно пререгистрирани.

Косовскиот премиер Аљбин Курти не сака да најде решенија за преговорите кои се водат во Брисел, туку се обидува да најде оправдување за понатамошна ескалација на кризата на Косово, кажа претседателот на Одборот за Косово и Метохија на српското собрание Милован Дрецун.

„Ако биде постигнат договор, тензиите секако ќе се смират, но веќе е поставена сцена за нови судири и нова криза, а тоа е распишувањето избори на северот на Косово“, кажа Дрецун за Н1.

„Тој смета дека може да дојде до инциденти доколку почне пишувањето казни поради пререгистрацијата, но се надева дека засиленото присуство на Кфор и Еулекс ќе биде доволно за да се спречат какви било инциденти“, додаде тој.

Дрецун смета дека договор може да се постигне ако има политичка волја, но дека изгледа дека Приштина не сака да се посвети на наоѓање решенија.

„Тој (Курти) сака да примени еднострана одлука, сака да спроведе избори, сака да обезбеди постојано присуство на специјалните параполициски единици и останати безбедносни сили и сака, на крај, да изврши притисок Белград да прифати да се излезе од статусот на неутралната рамка на Бриселскиот договор“, кажа тој.

Зборувајќи за германско-францускиот предлог за решавање на кризата на Косово и за тоа што јавноста не ги знае деталите на овој документ, Дрецун објасни дека тој што го составил предлогот треба да одлучи дали тој ќе биде јавен или не.

„Очигледно тука нешто се коригира и се чека моментот кога ќе се обелодени“, кажа Дрецун и додаде дека претставникот на Вашингтон за Косово Габриел Ескобар најави обелоденување на овој план на јавноста.

Српскиот функционер оцени дека предложениот модел се заснова на договорот на двете Германија кој на поранешна Источна Германија ѝ овозможи влегување во Обединетите нации.

„Во овој момент Белград не би морал формално правно да ја признае лажната држава Косово, но фактички да го признае нејзиното постоење и да не се противи на членството на Косово во меѓународните организации, вклучувајќи ги Обединетите нации. Тоа за Србија е неприфатливо“, истакна Дрецун.