Србија го започна вакцинирањето против КОВИД-19 – прва се вакцинираше премиерката Брнабиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Србија денес го започна вакцинирањето на дел од населението против коронавирусот. Првата вакцина ја прими премиерката Ана Брнабиќ.

Брнабиќ јавно се вакцинираше со вакцината  на „Фајзер“ во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Brnabić (@anabrnabic)

Вакцините ќе бидат доставени во „Торлак“ од министерот за труд и член на кризниот штаб, епидемиологот д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, како и членот на кризниот штаб, епидемиологот д-р Предраг Кон.

Првите количини на вакцината во Србија пристигнаа во вторникот, а денеска ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

Србија е прва земја во регионот што ја доби вакцината од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“.