Актуелно

Србија договори економска соработка со Кина, а економска и воена со Русија

Официјален Белград започна економска соработка со официјален Пекинг, а економска и воена соработка со Русија која веќе почна да се манифестира и јавно.

Србија и Евроазиската економска, унија, предводена од Русија, склучија договор за слободна трговија, а во Белград по едномесечен пат, пристигна првиот кинески товарен на новата директна шпедитерска линија меѓу Кина и Србија. Во меѓувреме, во Србија пристигнаа руски ракетни системи кои досега никогаш не биле надвор од Русија, пренесува Радио Слободна Европа.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ потврди дека руските ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 и Панцир-С ќе учествуваат на заедничките српско-руски воени вежби.

„С-400 е во земјата поради оваа вежба и утре ќе одам да го видам директно, а Панцир С ќе го видам в сабота. Панцир С го нарачавме“.

Тоа претходно го соопшти и руското Министерство за одбрана, додавајќи дека ракетните системи „земја-воздух“ биле распоредени во базата Батајница, во близина на Белград.

Ова е за прв пат овие системи да се појават на воени вежби надвор од Русија, се додава во соопштението на руското министерството.

Двете земји исто така ја зајакнаа разузнавачката соработка.

Инаку, Вучиќ го потврди пристигнувањето на руските ракетни системи на церемонијата за одбележување на пристигнувањето на првиот товарен воз од Кина во Белград.

Патот од над 10.500 километри помеѓу кинескиот град Џинан и Белград возот го мина за еден месец и донесе повеќе од 500 тони градежна опрема што ќе ја користат кинеските компании кои градат брза железничка линија помеѓу Белград и унгарскиот главен град Будимпешта.

Иако Србија се стреми да влезе во Европската унија, таа ги задржа блиските врски со Кина и со Русија.

Оваа Евроазиската економска унија е основана во 2015 година, и во неа како членки се вклучени: Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.

Advertisements
To Top