Срамота: Навивачите на Јувентус со смртни закани до новородената ќерка на Симеоне!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се најде на удар на навивачите на Јувентус после натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Атлетико Мадрид го порази Јувентус со 2-0 во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампиони, а Симеоне дополнително го навлече бесот на „бјанконерите“ поради прославата на првиот гол.

Симеоне при прославата на првиот гол се фати за меѓуножјето, а тоа предизвика бес кај навивачите на „старата дама“, иако аргентинскиот стратег објасни дека тој гест не се однесувал на италијанските навивачи.

Навивачите на Јувентус отидоа предалеку и на фотографијата која ја објави Симеоне заедно со својата новородена ќерка, Валентина му посакаа и му се заканија со смрт него и на малото бебенце.

Некои фанови испратија жестоки и грозни закани за малото бебе, со што го посрамотија клубот. Поради тоа дел од „нормалните“ фанови на Јувентус направија група на Фејсбук со која му упатија официјално извинување на Симеоне.

View this post on Instagram

Bienvenida Valentina❤️

A post shared by Diego Pablo Simeone (@simeone) on

Ова не е прв пат навивачите на Јувентус да реагираат на ваков нецивилизиран начин преку социјалните мрежи. Имено, кога Бонучи премина во Милан, дел од фановите му упатија смртни закани за неговиот син Лоренцо, кој во тие моменти се бореше со тешка болест.