„Срамота, Јапонци! Возот ви тргна ЦЕЛИ 25 секунди порано“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџментот од јапонскиот железнички транспорт чувствуваше потреба да се извини на јавноста откако еден воз тргнал 25 секунди порано од закажаниот термин, што е втор ваков случај во последниве неколку месеци.

Операторот истакна дека непријатноста што ја создале за патниците „е навистина непростлива“. Ист случај јапонската железничка компанија доживеа минатиот ноември, кога еден воз тргна 20 секунди порано, па и тогаш компанијата се извинуваше.

Тоа беше повод и инспирација за еден куп шеги и зезање на социјалните мрежи со јапонската перфекција за точност.

„Каков срам, Јапонија!!? Тргнување 25 секунди порано? Што ако можам да го фатам возот четири секунди пред да тргне!!?“ – саркастично напиша еден корисник на „Твитер“.

Според јапонските медиуми, кондуктерот во возот мислел дека возот треба да тргне од станицата Нотогава во 07:11 наместо во 07:12 во петокот. Откако ги затворил вратите на возот една минута порано, тој ја увидел грешката и сè уште можел да го спречи срамот. Но, тој не забележал патници што чекаат, па заминал 25 секунди порано.

Јапонските возови имаат репутација на екстремна точност, а на крајот излезе дека сепак имало луѓе што се надевале да се качат во возот. Тие му се пожалиле на операторот и набрзо потоа беше објавено извинување.

Во случајот во ноември, менаџментот на „Tsukuba Express“ се извини за непријатноста. И во тој случај пораното заминување беше поради грешка на кондуктер, кој го згрешил времето на заминување, но тогаш немаше оставени патници.