Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Менаџментот од јапонскиот железнички транспорт чувствуваше потреба да се извини на јавноста откако еден воз тргнал 25 секунди порано од закажаниот термин, што е втор ваков случај во последниве неколку месеци.
Операторот истакна дека непријатноста што ја создале за патниците „е навистина непростлива“. Ист случај јапонската железничка компанија доживеа минатиот ноември, кога еден воз тргна 20 секунди порано, па и тогаш компанијата се извинуваше.
Тоа беше повод и инспирација за еден куп шеги и зезање на социјалните мрежи со јапонската перфекција за точност.
„Каков срам, Јапонија!!? Тргнување 25 секунди порано? Што ако можам да го фатам возот четири секунди пред да тргне!!?“ – саркастично напиша еден корисник на „Твитер“.
Japanese Train Company Apologises For Inexcusable 25 Seconds Early Departurehttps://t.co/BwsS5GftEp pic.twitter.com/Jn0V9kP0Tn
— 9GAG (@9GAG) May 16, 2018
Според јапонските медиуми, кондуктерот во возот мислел дека возот треба да тргне од станицата Нотогава во 07:11 наместо во 07:12 во петокот. Откако ги затворил вратите на возот една минута порано, тој ја увидел грешката и сè уште можел да го спречи срамот. Но, тој не забележал патници што чекаат, па заминал 25 секунди порано.
Headline: The West Japan Railway Company has apologised after a train in central Japan departed its platform 25 seconds early. pic.twitter.com/U18DKtko5d
— Peter J LeCody (@railadvo) May 16, 2018
Јапонските возови имаат репутација на екстремна точност, а на крајот излезе дека сепак имало луѓе што се надевале да се качат во возот. Тие му се пожалиле на операторот и набрзо потоа беше објавено извинување.
Love it – only in Japan does a train company apologise unreservedly for an inexcusable lapse of service . . . The train left 25 second early! ?#lovejapan
— Andrew Cruze (@AndrewCruzeUK) May 15, 2018
Во случајот во ноември, менаџментот на „Tsukuba Express“ се извини за непријатноста. И во тој случај пораното заминување беше поради грешка на кондуктер, кој го згрешил времето на заминување, но тогаш немаше оставени патници.