Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е тајна дека жените во суштина не сакаат да зборуваат за своите сексуални фантазии, како и дека не ги делат често со партнерот.
Тоа го потврди и една онлајн анкета во која жените ги открија своите омилени фантазии, односно она што сакаат да го пробаат, но срам им е да признаат.
Секс пред огледало
Нема личност која барем еднаш во животот не се запрашала како изгледа додека води љубов. Затоа е и идејата за сексот пред огледало многу примамлива. Погледот на партнерот е возбудлив, но уште повозбудливо може да биде погледот на страственото заедништво. Затоа не се срамете и исполнете ја својата фантазија.
Улога на домино
Митот за тоа дека жените преферираат пасивност во интимните моменти треба што побрзо да биде заборавено. Припадничките на поубавиот пол и тоа како сакаат да доминираат во креветот, да преземат иницијатива и да го контролираат својот партнер. Во таа фантазија спаѓа и исполнувањето на желбите кои дамата ги има во тој момент.
Секс со превез на очите
Превезот на очи ја спречува предвидливоста во интимните моменти. Кога не гледате и не знаете на кој дел ќе почувствувате бакнеж или допир од вашиот партнер, нагласено е чувството на исчекување и поголемото уживање е загарантирано.