Срамната вистина за приватните авиони на разгалените богаташки деца


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Богатите клинци од Инстаграм се познати по чаламењето и расфрлањето со раскош и луксуз на социјалните мрежи најчесто фалејќи се со своите скапи часовници, возила, шампањи, телефони, јахти и други скапоцености. А да – и со АВИОНИТЕ.

Е, токму тука се наметнува приказната за нивните селфи фотки од „приватните авиони“ со кои тие се фалат на Инстаграм, поточно за начинот на кој многумина од нив оддаваат лажна слика за нивниот екстравагентен животен стил в чии рамки не се возат со комерцијални авионски транспорт, туку со приватни авиони. Не дека сите не поседуваат приватни авиони, ама голема е веројатноста секој да си „билда“ луксузен стил на живот на Инстаграм за евтини пари.

Руската компанија Private Jet Studio на луѓето им нуди уникатна можност да се качат во приватен млазен авион, но не за да летаат на приватна дестинација, туку едноставно да позираат во ентериерот на авионот и дас е фотографираат во истиот.

Оваа компанија поседува свои приватни авиони (секако, приземјени) за двочасовна фотосесија со професионален фотографи која чини 14.000 рубљи (околу 190 евра) или без фотограф за цена од 11.000 рубљи (околу 150 евра).

Како што пренесува The Independent, во рамки на услугата можете да најмите и професионален камерман за цена од околу 400 евра. Компанијата, во рамки на своите услуги, нуди и професионален фризер и шминкер.

„Овој е најголемиот, најбрз и најскап деловен млазен авион. Луксузниот ентериер на авионот е изработен од висококвалитетни природни материјали. Можете да си организирате необично и незаборавно фотографирање за себе и своите клиенти, кое никогаш нема да го заборавите“, пишува во описот на услугата на веб страната од компанијата.