Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинар од албанскиот сервис на Македонската радио и телевизија се дрзна во преносот на МТВ 2 да го бојкотира нашиот најдобар играч на мечот со Јапонија, Стојанче Стоилов.
Станува збор за уредникот на спортската редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми, кој коментирајќи го мечот за Стоилов го користеше терминот „играчот со број пет“.
Наводно причината за ваквиот потег на Адеми е заминувањето на Стоилов на неодамнешниот избор на „Спортист на годината“ од страна на Агенцијата за млади и спорт, кога одлучи предвреме да си отиде од настанот поради двојазичност.
Иако целата јавност бара извинување за ваквиот скандал и санкција за спортската редакција на МТВ 2, од таму не сакаат ни да се извинат и го поддржуваат гестот на својот новинар.