Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сјајната комета Нишимура, која беше неодамна откриена од страна на астрономите, утре, на 12 септември, ќе го осветли небото на северната хемисфера, и потоа уште еднаш ќе ја видиме на 17 септември.
Нејзиното враќање кон Земјата ќе се случи по четири века. Името го добила по астрономот-аматер Хидео Нишимури од Кагава кој ја открил минатиот месец.
Нишимура при снимањето користел стандарден Канон ДСЛР фотоапарат, а откако ја обработил експозицијата, очигледно станало дека се работи за сјајен објект кој брзо се движи низ нашиот сончев систем.
Кометата е непериодична, доаѓа од Ортовиот облак и може само еднаш да помине низ Сончевиот систем или пак, тој тип на комети е можно да се вратат во период од 200 па до неколку илјади години, доколку го преживеат нашето Сонце, кога ќе се доближат до него.
Нишимура е „хиперболична комета”, што значи дека има огромна енергија со која успева да помине без да биде заробена во сончевиот систем. Но, како што е веќе кажано, ќе замине доколку не се распадне кога ќе биде блиску до Сонцето.
Од НАСА веруваат дека Нишимура ќе го преживее Сонцето.