Спремајте се за екстремни студови – празничните денови ни носат поларни температури


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денешното наоблачување и очекуваните слаби локални врнежи од снег, пред се во повисокиот дел од западиот крај, се само мала увертира пред наглата промена на времето која се очекува во втората половина од неделата.

Почнувајќи од четврток, наштето подрачје ќе потпадне под влијание на арктички студена воздушна маса, која во комбинација со широкото циклонско поле кое ќе ја обезбеди потребната атмосферска влага, ќе резултира со снежни врнежи.

Но, овие снежни врнежи ќе бидат проследени и со засилен северен ветер, што ќе значи проблематично одвивање на сообраќајот, како и создавање на снежни намети.

Снег ќе има и во петок, повторно проследен со умерен до засилен северен ветер. Снегот ќе престане заклучно со петок навечер, но викендот има други, поекстремни планови. Утрата во сабота и недела ќе бидат прилично студени, а локално минималната вредност ќе се спушти до околу минус 20 Целзусови.

Но, треба да се напомене дека ова не се ни од далеку рекордно ниски вредности на температурата во Македонија.

Температурата воопшто нема да ја надмине „нулата“ во текот на петок и сабота, но треба да се напомене дека сабота е денот кој што биде вистински студен со максимална вредност на температурата која ретко каде ќе се искачи над минус 5 Целзиусови.

Постепено студот ќе „попушта од недела.