Спремаат ли „светците“ нов рекорд? Познато колку ПСЖ треба да плати за Мурињо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последно време се почесто се шпекулира дека ПСЖ е во контакт со Жозе Мурињо и се обидува да го убеди Португалецот да се пресели во Париз.

Манчестер Јунајтед сака да го задржи „Специјалниот“ и веќе му понуди продолжување на договорот до 2020 година, но Мурињо се уште нема ставено потпис на истиот.

Медиумите тврдат дека „Специјалниот“ се предомислува и поставува услови до раководството на „црвените ѓаволи“, а главна причина за тоа е Пари Сент Жермен.

Жозе Мурињо е под договор со најтрофејниот клуб од Англија до 2019 година, па може да замине само доколку ПСЖ на Јунајтед му исплати сума помеѓу 20 и 30 милиони фунти.

Имено, медиумите на Островот тврдат дека „светците“ ќе мора да ја покријат платата за последните две години од договорот на Португалецот, а тоа изнесува помеѓу 20 и 30 милиони фунти.

Останува да видиме дали оваа сума ќе биде проблем за богатиот ПСЖ, кој минатото лето ги сруши сите рекорди со трансферот на Нејмар од 222 милиони евра.