Актуелно

Спречен планиран терористички напад во Стразбур


Француските власти спречија планиран терористички напад во Стразбур. Уапсени се повеќе лица.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев денеска соопшти дека француската полиција спречила планиран терористичкот напад во Стразбур. Уапсени се седум лица во Стразбур и Марсеј, по потекло од Франција, Мароко и Авганистан, на возраст меѓу 29 и 37 години. Апсењата се извршени во текот на изминатата ноќ. Според министерот за внатрешни работи, терористичката акција била планирана подолго време на наша територија.

Нема информации која била конкретната цел на планираниот напад. Во Стразбур на крајот од неделава почнува познатиот Божиќен панаѓур, кој годишно привлекува по околу два милиона посетители. Во декември 2000 година една алжирска група планираше напад брз Божиќниот панаѓур, но беше разоткриена.

Божиќниот панаѓур во Стразбур привлекува по околу два милиона посетители годишно

Од почетокот на 2015 година Франција беше погодена од низа исламистички напади. Најкрвавите атентати се случија на 13 ноември 2015-та во Париз, кога беа убиени 130 луѓе. На 14 јули годинава, напаѓач во Ница со камион уби 86 луѓе. Според наводи на француски иследници, годинава во Франција се спречени речиси 20 планирани напади.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top