Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од страна на военото лице кое во тој момент било на стража, рано утрово во 02.53 часот, бил спречен обид за насилен упад во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје од страна на едно лице, пренесува Фокус.
Војникот што бил на стража постапувајќи според пропишаните процедури и постапки повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрели во воздух.
Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница.