Спречен атентат врз Зеленски – се обиделе да го убијат припадници на чеченската паравојска


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште на првиот ден од рускиот напад на Украина навести дека има индиции дека е означен како цел на атентатот, а сега ова тврдење и официјално е потврдено.

Според странските медиуми, елитните единици на чеченската паравојска се обиделе да го убијат Зеленски, а нивниот обид бил спречен.

„Обидот за атентат е спречен“, изјави Алексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.

Елитна група Чеченци пристигнала во Киев за да го убијат украинскиот претседател, а не се познати деталите од настанот, ниту колку блиску успеале да дојдат до Зеленски.

Чеченија некогаш војуваше со Москва, но сега е под контрола на режимот на Путин.