Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Комерцијалната платформа за „стриминг“ услуги на музика и музички содржини од неколку светски познати дискографски куќи, познатата Spotify, од неодамна на своите корисници им нуди услуга, врз основа на нивната внесена ДНК, да им состави „плејлиста“ со музика компатибилна за нивните гени.
„Ancestry DNA“ е интернет сервис кој ќе послужи за Spotify да ги добие резултатите од ДНК анализите од нивните корисници кои сакаат познатата „стриминг“ компанија да им понуди листа со песни која одговара на нивната генетика и која е директно поврзана со нивната семејна генетска историја.
Од „Ancestry DNA“ наведуваат дека заштитата на приватноста на податоците поврзани со ДНК е нивниот најголем приоритет и потенцираат дека ниту Spotify нема да има пристап до било кој ДНК наод. Исто така, од Spotify наведоа дека нивните корисници самостојно и своеволно ќе одлучат дали сакаат или не да ја искористат оваа нова опција.
Интересно е да се истакне дека, според неодамнешните истражувања, Spotify тројно го зголеми бројот на песни кои корисниците можат да ги слушаат и преземаат кога се надвор од мрежа. Spotify Premium своите членови претходно ги имаше ограничено на 3.333 песни, а сега тој број е зголемен на 10.000.