Home Спорт Спортот секогаш над политиката – рускиот олимпиец го гушна украинскиот и му честиташе сребрен медал

Спортот секогаш над политиката – рускиот олимпиец го гушна украинскиот и му честиташе сребрен медал

Украинската олимписка репрезентација го освои првиот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг.

На денешните натпревари во скијање слободен стил, Александар Абраменко, освои сребро во акробации и им ја донесе на Украинците првата награда на Игрите.

Абраменко една од првите честитки ги доби од Русинот Илја Буров кој стигна до бронзениот медал.

Претходно, раководството на Министерството за спорт на Украина им препорача своите спортисти и тренери на Олимпијадата во Пекинг да не стојат покрај Русите кога тие во раце го држат знамето на Рускиот олимписки комитет.

Сепак, денешниот гест на двајцата спортисти покажа дека во спортот и Олимпијадите нема место за политиката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…