Спортинг го стави Ростовски на продажба


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалските медиуми пишуваат дека Спортинг Лисабон ќе го продаде Стефан Ристовски во летниот преоден рок.

„А Бола“, пишува дека Спортинг Лисабон планира да го продаде македонскиот репрезентативец, а една од главните причини за тоа се црените картони кои ги добива Ристовски.

Ристовски е суспендиран по црвениот картон кој го доби на последниот натпревар за Спортинг и нема да биде во можност да ги доигра последните два натпревари против Порто, едниот во лигата, другиот во купот.

Челниците на Спортинг биле лути на недисциплината на нашиот фудбалер затоа што ова беше трет црвен картон за него оваа сезона и токму затоа сериозно размислуваат да го продадат ова лето.

Ристовски договор со Спортинг до 30 јуни 2022 година, а како главен фаворит за неговиот потпис се споменува италијански Лацио.