„Спорт“ уште сега го објави дресот на Барселона за наредната сезона (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дресот на Барселона за оваа сезона доби критики за дизајнот, а сега во шпанските медуми се појави потенцијалниот изглед за следната сезона, пишува Спортски.мк.

Оваа година за прв Барселона се одлучи за дрес со „коцки“ и тоа не им се допадна на навивачите. Дресот на Барселона многу потсетува на оној на Хрватска и навистина е необично да ја гледаме Барселона во таква опрема.

Меѓутоа од Барселона тврдат дека продажбата на дресови е далеку подобра од претходната сезона и според тоа за нив дизајнот е полн погодок.

Иако сезоната само што започна каталонскиот „Спорт“ објави фотографија од дресот во кој Барселона би требало да настапува наредната сезона.