Споредба со последните избори: СДСМ и ДУИ минус 190.000, ВМРО ДПМНЕ минус 16.000 гласови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако се работи за различен тип на избори, локални со претседателски, телевизија Телма направи интересна анализа, споредба на резултатите што ги постигнаа најголемите партии во 2017г и денес.

Блиски резултати но многу поразлични од претходните избори. Во градот Скопје ако се брои според освоените општини Силјаноска и Пендаровски се нерешено 5- 5 . (Силјаноска- Аеродром, Бутел, Газибаба, Ѓорче Петров, Кисела Вода): Пендаровски –Карпош, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари).

Но победите на Силјаноска биле поголеми и на ниво на град Скопје, таа го победува Пендаровски на градско ниво со 664 гласови.

Интересно е дека сите нејзини победи се остварени во општини каде излезноста била 42 и 49,95 проценти. Пендаровски пак победил во единствените две општини каде имало излезност над 50 проценти Карпош и Центар, а останатите три победи му се во општини со мала излезност меѓу 21 и 31 процент.

Дека бројките во политиката бргу се менуваат покажува и ова слика, мапата на Македонија главно е црвена, пред година и пол мапата беше сина со мали црвени острови од неколкуте општини освоени од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е веќе минато по последните локални избори од октомври 2017-та. Сега црвена е речиси цела источна Македонија, Силјаноска победила во вкупно 47 општини. Синото на Пендаровски се простира на 24 локални територии, а победи има и третопласираниот Река, во вкупно 9 општини.

Најголемата општина Куманово ја освоил Пендаровски, но во големите градови успех има и Силјаноска која покрај Скопје ги освои и Битола и Прилеп и Штип и Велес. Единствено родната на премиерот Струмица му донесе победа на кандидатот Пендаровски. Пендаровски има победи и во етнички мешаните Кичево и Струга. Тетово и Гостивар пак му донесоа победа на Река.

Пендаровски освои вкупно 323. 846 гласови, Силјаноска 319.240. Кога нивните резултати ќе се споредат со партиите кои ги кандидираа и нивните резултати од последните локални избори ќе се види дека Пендаровски освоил речиси 100 илјади гласа помалку од советничките општински листи на СДСМ пред година и пол. (СДСМ-локални избори 420.294) Има пад, но многу помал во гласовите на Силјаноска наспроти ВМРО-ДПМНЕ од 2017-та. Тогаш партијата доби 335.579 гласа, а сега нивниот претседателски кандидат освои 16 илјади гласа помалку.

Секако тогаш имаше и поголем одѕив на гласачите од сегашните помалку од 42 проценти (41,82%).

Мапа од резулатите од локалните избори

Доколку се соберат гласовите на СДСМ и на ДУИ од локалните, бидејќи Пендаровски е нивен заеднички кандидат тогаш заедно на локалните советнички листи, владините партнери имаа околу 510 илјади гласови, Дуи имаше над 89 илјади гласа (89.618). Сега пресметано Пендаровски има добиено 190 илјади гласа помалку од партиите кои застанаа зад него.

Падот допрва ќе се анализира. Причините во јавноста веќе се наведуваат. Негативната гласовна разлика на двајцата партнери од Илинденска преку мапата може да се најде во широкиот црвен појас на истокот и во Пелагонија, но и во жолтиот појас на Река.

Липково, Тетово, Дебар- таму победуваше и се уште победува ДУИ. Но не и Пендаровски туку Река.

Интересно е во Дебар, кандидатот на ДУИ за градоначалник освоил илјада гласови повеќе од Пендаровски за претседател кој изгубил од Блерим Река. Покрај тоа претежно албанските општини се соочија и со минимален одзив.

Преземањето на ВМРО-ДПМНЕ пак се случи во повеќе главно македонски општини, а и тука е интересен примерот со Охрид- каде за градоначалник победи кандидатот на СДСМ, но на претседателски изгуби кандидатот на истата партија.

Извор: ТВ ТЕЛМА