Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И покрај бројните реакции од стручната јавност, како и поднесените над 35.000 амандмани, премиерот Зоран Заев ја отфрли понудената рака од претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и најави дека законот со кој Македонија ќе стане двојазична држава ќе мора да се донесе во текот на неделава.
Премиерот Заев очекува неделава да биде донесен Законот за употреба на јазиците, согласно со Уставот и законите. Дебатата е отворена веќе девет месеци и како што вели, треба што побрзо да биде затворена. Според него, сите кажале сѐ што имаат, а било оставено и доволно време за дијалог.
-Порано овие закони се носеа по самото завршување на парламентарните избори, сега дадовме девет месеци дебата. Сите кажаа се што имаа да кажат. Тоа е оневозможено уставно право на граѓаните од другите етнички заедници. Нека се донесе Законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други – рече Заев по денешната средба со босанско-херцеговскиот колега Звиздиќ.
Со насилното носење на Законот за јазиците, СДСМ прави трајна и непоправлива штета на Република Македонија и може да ја втурне државата во уште поголема криза, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, ова е уште еден доказ дека законите не постојат и дека владее законот на силата и нема да има веќе демократија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ викендов во интервју за национална телевизија со отворена понуда до премиерот Заев. СДСМ да го повлече од собраниска процедура Законот за јазиците, а за возврат ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи владините реформски процеси. За пораката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот оцени дека станува збор за како што рече „копи пејст“ од изјавите на поранешниот лидер на партијата Никола Груевски.
Премиерот Заев тврди дека нема турбуленции во владината коалиција и дека Владата и парламентарното мнозинство се стабилни. Собранискиот спикер Џафери најави дека Законот за јазиците неделава повторно ќе се најде на пленарка.
Според информации од Законодавниот дом, се усогласуваат ставовите меѓу пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Сѐ уште останува енигма каков ќе биде епилогот- разгледување на над 35 илјади амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ или пак, директно гласање на Законот без никаква дебата.