Според ЦИА прва земја во светот по стапка на смртност е Србија – еве на кое место е Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија е позиционирана на 42. место по стапка на смртност на листата на ЦИА на која се опфатени 229 држави во светот.

Земјава има коефициент од 9,61 смртни случаи на 1.000 жители годишно. Kоефициентoт, според методологијата на анализата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители на средината на годината.

Според листата на ЦИА, убедливо на прво место во светот по стапка на смртност е Србија со коефициент 16,39.

Во првите десет места, покрај Србија, се и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска.

Сите овие држави се од Европа, па затоа истата група ги зазема првите десет позиции и на листата на европски земји со најголема смртност.

Од земјите од поранешните југословенски простори Хрватска е на 10 место, Словенија е 28, Црна Гора 30, а Босна и Херцеговина е 32.

Во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, лани починале 28 516 луѓе. Најчеста причина за смрт биле болестите на циркулаторниот систем (35.9 %), компликации од КОВИД-19 (20.6 %), неоплазмите (13.8 %), ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (5.8 %) и болестите на респираторниот систем (4.2 %).