Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според Светската банка, нема потреба од загриженост за зголемувањето на јавниот долг во Македонија. Иако велат, тој за една година се зголемил за 10 до 11 процентни поени од БДП и проценуваат годинава да стигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека дупката во буџетот следната година ќе се намали, пренесува 24.мк.
Кризата од Ковид 19 ја натера Македонија да се задолжува, да издаде еврообврзница и да зема кредити, но банкарите веруваат дека следната година потребата од нови пари ќе биде помала. Од друга страна пари ќе има доволно на меѓународните пазари и не се очекува тие да поскапат следната година.
„Македонија се проценува како земја со умерен ризик. Вашите преговори за пристапување кои што се наскоро ќе почнат, владините фискални планови на среден рок покажуваат враќање на патеката на фискална консолидација, програмата на реформи која што се спроведува и која што ја гледаме сето тоа го намалува ризикот за инвестирање со кој се соочуваат меѓунардните партнери кога би инвестирале во Македонија. Тоа се одразува врз.“ – изјави Сања Маџаревиќ Шустер, Светска банка.
Македонија се соочува со најдлабока рецесија во последните две децении, иако владата го ублажи влијанието од кризата, вели светска банка. Стапката на невработеност се зголеми на 16,7 отсто, за првпат од 2011 година, откако во вториот квартал над 17.000 лица ја загубија работата. Не се очекува повторно целосно затворање на економијата, иако декември и јануари ќе бидат најтешки месеци. Но шокот ќе биде помал зашто сега веќе имаме искуство и можност да се приспособиме на корона условите.
Светска банка препорачува државата да ја зголеми наплатата на даноците.
Проекцијата за 2020 година е економската активност во земјата да се намали за 4,7 отсто. Тоа ја става Македонија во некоја средина на Блаканот. Најлошо ќе помине Црна Гора со -12%, Косово и Албанија ќе одат во минус над 8%, а Србија и БиХ -3%. Следната година се очекува раст од 3.6%.