Според статистиката на институтот „Џонс Хопкинс“ во САД над 700.000 заразени од коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


САД дефинитивно и статистички се најтешко погодена земја од коронавирусот според бројот на заразени. Оваа бројка, според институтот Џонс Хопкинс надмина 700.00. Особено погодени од пандемијата се бездомниците.

Бројот на починати од Ковид-19 во САД во меѓувреме се искачи на преку 37.000.

Претседателот Доналд Трамп на последната дневна конференција за состојбата со пандемијата изјави дека очекува од вирусот во САД да починат меѓу 60 и 65 илјади луѓе.

Бројот е далеку под претходните предвидувања за најмалку 100.000 смртни случаи во САД, рече Трамп.

„Секој мртов човек е еден премногу“, истакна претседателот. „Мислам оти постои надеж да останеме далеку под 100.000.“ Тој додаде: „Во моментов веројатно се движиме на околу 60 000, можеби 65.000“.

Онаму каде што човекот се повлекува, животните си го враќаат животниот простор. На речиси сосема празните улици во британското крајбрежно место Ландидно, си се шета стадо диви кози. Тоа не им е првпат, но сега не им пречи никој. Додека луѓето се затворени дома, козите слободно може да се нафрлат на своето омилено јадење: грмушките крај патот.

Како досега оздравени од Ковид-19 во САД се регистрирани близу 60 илјади луѓе.