Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако човештвото кое ја населува планетата Земја старее и бројот на жители има забавено растечко темпо, сепак, според проценките изнесени во извештајот на Обединетите Нации, до 2050 година сегашните 7,7 милијарди жители на планетата ќе се зголемат на 9,7 милијарди.
Одделот за население на ОН во објавениот извештај наведува дека бројот на луѓе во светот би можел да достигне врв од речиси 11 милијарди до крајот на овој век.
Според новите показатели, повеќе од половина од очекуваниот раст на бројот на жители од денес до 2050 година ќе биде во само девет земји во светот.
Деветте земји во кои се очекува најголем раст на населението се Индија, Нигерија, Пакистан, Конго, Етиопија, Танзанија, Индонезија, Египет и САД.
Извештајот тврди дека населението во светот старее поради подолгиот животен век и намалувањето на плодноста.
Расте бројот на земји со демографски пад
Расте бројот на земјите што ќе имаат демографски пад, наведува Одделот за економски и социјални прашања на ОН што го објави извештајот. Од 2010 година 27 држави изгубиле 1 отсто од бројот на своето население, а причината за тоа е падот на наталитетот.
Понатаму, ОН предвидуваат дека од 2019 до 2050 година бројот на жители во Кина ќе се намали за 31,4 милион, што е приближно намалување од 2,2 отсто.
Прилив на мигранти
Во одредени земји се очекува во оваа деценија приливот на мигранти да компензира за депопулацијата предизвикана од стареењето и намалувањето на стапката на наталитет. Меѓу тие земји се: Белорусија, Естонија, Германија, Унгарија, Италија, Јапонија, Русија, Србија и Украина.
До 2050 година повеќе од половина од светскиот раст на населението ќе се одвива во девет држави: Индија, Нигерија, Пакистан, Демократска Република Конго, Етиопија, Танзанија, Индонезија, Египет и САД.
Индекс на наталитетот
Индексот на наталитетот, кој од 3,2 деца по жена во 1990 година падна на 2,5 во 2019 година, би требало да продолжи да паѓа на 2,2 деца по жена во 2050 година.
Овој процент се приближува до наталитетот 2,1 деца по жена, неопходен за промена на генерациите за да се избегне долгорочна депопулација во случај на недостиг на имиграција, наведува ОН.
Во однос на животниот век, жителите на најсиромашните земји продолжуваат да живеат седум години помалку од светскиот просек.
Животен век
Очекуваниот животен век би требало да изнесува 77,1 години во 2050 година, во споредба со сегашните 72,6 години, се наведува во извештајот.