Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И според научни параметри и математички стандарди, актерот Роберт Патинсон е прогласен за популарна човек со најубаво лице на светот.
Британскиот хирург д-р Џулијан да Силва открил начин да пресмета колку е совршено нечие лице што се заснова на процентуалниот сооднос на усните, брадата, очите и другите карактеристики. Откриено е дека резултатот на Патинсон е најблизу до совршената форма, дури 92,15 проценти.
„Тој беше меѓу петте совршени во скоро секоја категорија на мерење, бидејќи сè на лицето му е класично. Единствената категорија во која постигна малку помал резултат беше формата на усните, кои се малку потенки и помалку привлечни”, рече Де Силва.
Актерот Хенри Кевил, sвезда во серијалот „Witcher“, се најде на второто место со 91,64 проценти , а трет е Бредли Купер со 91,08 проценти.
Познатиот убавец Бред Пит заврши на четвртото место со 90,51 процент и Џорџ Клуни со 89,91 проценти е на петтото место.
Потоа следуваат Хју Џекман (89,64), Дејвид Бекам (88,96), Идрис Елба (88,01), Канје Вест (87,94) и Рајан Гослинг (87,48).
Де Силва во своето истражување ја користеше формулата на „антички златен однос на убавината Фи“, познат како златна средина или златен сооднос, за која уште од античко време се верува дека ја одржува формулата за совршенство. Формулата ја користел и Леонардо Да Винчи додека го цртал човекот од Витрувиј, цртеж на кој се прикажува совршеното машко тело.