Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Енди Валас важи за еден од најискусните и најдобри возачи на нашето време кој, според многумина, ја има работата од соништата која би ја посакал секој пасиониран љубител на автомобилите воопшто.
Зад него се стотици илјади, дури и милиони милји. Енди Валас ги испроба едни од најбрзите автомобили во историјата, возејќи ги најпребирливите трки вклучувајќи ,,24 часа Ле Ман”, а од 2011 година работи како тест возач на Bugatti.
Валас е официјален пилот на Bugatti за кого може да се каже дека ја познава душата на секој автомобил на овој престижен производител на бесни спортски автомобили. Во последните неколку години тој има направено околу 150.000 тест милји.
Зборуваме за личност која 30 години е активна во мото спортот, а фактот што тој учествувал во 24 часа Ле Ман и 24 часа Дејтона, дури 21 пати со неколку победи, со право се нарекува жива легенда. Додека ја вршеше својата работа од соништата, Енди му помогна на Bugatti да го сруши брзинскиот рекорд во Chiron Super Sport 300+. Тоа беше минатото лето кога возеше со 490,484 на час.
Тој сега ги открива тајните на Chiron, на најдобар можен начин, стручно, конкретно и разбирливо за сите.