Според министерот за образование оваа учебна година не е пропадната


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерот за образование, Арбер Адеми, смета дека засега учебната година уште не е пропадната поради новонастанатата ситуација со епидемијата на коронавирус, поради која се затворија сите образовни институции.

Адеми потсетува дека се спроведуваат активностите за телевизиски и часови преку Интернет кои спонтано и неформално ги имплементираат разните воспитно-образовни институции. Други мерки, според Адеми, можат да следуваат само откако ќе се нормализира ситуацијата.

„Законот за основно образование точно предвидува што да се прави во случаи со вонредна состојба и што да се прави во случај на епидемија. МОН, заедно со Бирото за развој на образованието, можат да изготват кратки, адаптирани наставни програми откако ќе поминат овие вонредни околности. Но, ние чекаме и многу сериозно следиме како ќе завршат овие работи и кога ќе завршат овие околности, кога ќе заврши оваа состојба, да реагираме“, вели министерот Адеми.

Општина Карпош од вчера стартуваше платформа за учење преку Интернет во основните училишта, во која се содржани наставните текстови, видео-презентации, квизови и другите форми на интерактивна настава. Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, ги мотивира и другите општини да го следат нивниот пример, потенцирајќи дека актуелната состојба бара будност и посветеност од сите, бидејќи не е време за одмор.

Пред една недела, со одлука на Владата, сите градинки, основни и средни училишта и универзитети беа затворени на 14 дена како мерка за да се спречи ширењето на коронавирусот. Сепак, не е забрането да се обезбедуваат други потребни административни услуги во овие образовни институции, особено ако тие може да се завршат преку Интернет.