Според Legatum овие се најсреќните земји на светот – ѕирнете каде сме ние


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Институтот Legatum од Лондон го објави својот јубилеен, 10-ти глобален индекс на просперитет, кој ја претставува листата на најпросперитетни земји во светот.

За просперитетот значајна е количината на пари со кои државата располага, но овој институт зема многу повеќе фактори. Освен традиционалните, како што е БДП по жител или вкупен број на вработени, во својата формула вметнува и фактори како што е вкупниот број на интернет провајдери и количината на дневниот одмор на еден просечен граѓанин.

Променливите потоа се делат на девет категории – економски квалитет, работна атмосфера, власт, образование, здравство, безбедност, лична слобода, друштвен капитал и природна околина.

Индексот рангирал 149 земји во светот, а по седум последователни години, од врвот е тргната Норвешка, а нејзиното место го зазеде една далечна земја.

Десет најпросперитетни земји во светот се:

1. Нов Зеланд
2. Норвешка
3. Финска
4. Швајцарија
5. Канада
6. Австралија
7. Холандија
8. Шведска
9. Данска
10. Велика Британија

Кога се работи за земјите во регионот, ние се наоѓаме на 53-то место, пред нас се наоѓа Хрватска на 43 место, а зад нас се Србија на 66 место и Црна Гора на 58 место, додека пак Босна и Херцеговина не е влезена во трката.