Според јавното мислење на публиката – ТОЈ е најдобриот изведувач на 20. век


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Резултатите од јавното гласање кое го спроведе ВВС покажаа дека Британците за најдобра изведувач на 20. век го прогласија маестро Дејвид Боуви, кој почина на 10 јануари, 2016 година.

Хитовите на Боуви како „Space Oddity“, „Life On Mars“, „Heroes“, „Changes“, „Five Years“ и „All The Young Dudes“ се вистински музички ремек дела кои го освоија светот. Неговиот 25-ти албум под наслов „Black Star”, како изненадување беше објавен на 71. роденден, два дена откако почина.

Гласањето се однесуваше на постигнувањата на најважните и највлијателни личности на 20. век во седум различни полиња на човековите заложби. Како победник во едно од нив, Боуви ќе се најде и на финалното гласање што ќе се пренесува во живо на 5 февруари.

Во навраќањето на неговиот живот, Би-Би-Си го оцени пејачот како „константен музички иноватор кој честопати ставајќи се себе во најразлични улоги и ликови, никогаш не се плашеше да воведе нови звуци“.

Боуви во својата категорија ги победи Кетлин Тарнер, Чарли Чаплин, Мерилин Монро и Били Холидеј.