Според ИРИ, Груевски има највисок политички рејтинг – тоа е сè што треба да знаете за Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


45 проценти од испитаниците во анкетата што ја спроведе Меѓународниот републикански институт одговориле со „никој“ на прашањето: Кои тројца од владините министри најдобро си ја вршат работата? Дополнителни 12 отсто од испитаниците одговориле дека не знаат или одбиле да го одговорат ова прашање, пренесува Слободен печат.

Вкупно 13% од испитаниците кои имале одговор на ова прашање, го посочиле Димитар Ковачевски меѓу тројцата министри, што премиерот го прави владин министер во чијашто работа граѓаните имаат најголема доверба (10 отсто го спомнале прво името на Ковачевски). Зад него е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (12%), а по девет отсто од испитаниците одговориле дека функцијата во Владата најдобро ја извршуваат Фатмир Битиќи и Бујар Османи.

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој сега е азилант во Унгарија, има најголем рејтинг од сите политичари во државава, покажуваат податоците од анкетата.

На прашањето „Кога размислувате за луѓето во политичкиот живот, на која личност од Северна Македонија гледате најповолно“, за Груевски се определиле 7%, што е за 4 проценти повеќе во однос на анкетата од 2021 година. Актуелниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски има поддршка од шест отсто од испитаниците.

Поголем рејтинг од претходната анкета има и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кого го поддржуваат 6 отсто од анкетираните, и тоа е за еден процент повеќе од лани, а претседателот на Левица, Димитар Апасиев сега има поддршка од 3 отсто од анкетираните или еден процент повеќе од лани.

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, има доверба од 6 отсто, односно 2 проценти помалку од лани, а намалена е и популарноста на претседателот Стево Пендаровски, за кого се определиле 3 отсто од анкетираните, еден процент помалку од лани. Поранешниот премиер Зоран Заев има драстичен пад на популарност и сега за него се определиле само 2 отсто од анкетираните, за разлика од минатата година кога имаше 9 отсто од гласовите на анкетираните. Поранешниот претседател Бранко Црвенковски, пак, ја зголемил популарноста за еден процент.